Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај издаде директива да се приземјат сите авиони Боинг 737 Макс 8 и 9, по две смртоносни несреќи за пет месеци. Забраната за летови на тие модели се однесува на целиот воздушен простор на ЕУ. Овој тип авиони, како мерка на претпазливост, ги приземјија и Норвешка, Австралија, Кина, Малезија, Сингапур, Индонезија, Бразил, Мексико, Индија и други земји.

Во Етиопија во неделата се урна Боинг 737 Макс 8 на Етиопиан ерлајнс, при што загинаа 157 луѓе.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO