Албанскиот премиер Еди Рама на заедничката прес-конференција со македонскиот колега Зоран Заев денеска изјави дека трговската размена меѓу двете земји значително се зголемила, одбележувајќи дека продолжувањето на автопатот до сегментот Скопје-Блаце е стратешка потреба.

„Има многу работи што можеме да ги направиме заедно. Имаме значително зголемување на обемот на трговијата меѓу двете земји. Минатата година, трговијата се зголеми за 11%, но мислам дека ова е многу малку во споредба со нашиот потенцијал. Исто како многу инфраструктурни работи не обединуваат поради заеднички интереси, продолжувањето на автопатот е стратешка потреба и, се разбира, според можностите и плановите, вашата влада ќе влезе во процесот на реализација во потребниот момент, за кој верувам дека ќе дојде наскоро „, рече Рама.

Текот на градежните работи на албанскиот автопат се одвива со забрзана динамика. Растојанието од Тирана до граничниот премин „Блато“, кој е на албанско-македонската граница во близина на Дебар, од 182 километри. ќе стане 70 км.

Премиерот Рама на прес конференцијата соопшти дека во текот на летото, владите на двете земји ќе одржат заедничка седница.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO