Од увидот во документите на „Групата за следење на политичкиот противник“ или во јавноста позната како параполиција на ВМРО-ДПМНЕ за која самите пишуваат дека била формирана лично од Христијан Мицкоски може да се види дека Реформаторите биле посебно обработувани.

Во еден од првите извештаи кои ги објави порталот Доказ  може да се види дека Групата на Мицкоски ги следела Петар Богојески како тогашен заменик-генерален секретар и Костадин Богданов, како тогашен член на ИК.

Според извештајот, откако Групата за следење добила разузнавачки информации за приватни средби на Богојески и Богданов со Трајко Славески, Игор Николов и Александар Николоски и истите му ги доставила на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тој дал насоки да се следат и овие лица. Очигледно Мицкоски толку многу се плашел од Реформаторите што секој кој контактирал со нив, службено или приватно, по негов налог, бил ставен во обработка.

Дека групата користела вистински полициски методи на работа, карактеристични за УДБА, говори фактот дека имало врбувано свои доушници од редовите на Реформаторите. Во извештајот, можат да се прочитаат имињата на Александар Стојчевски и Никола Николов кои во параполицијата имале статус на соработници.

Александар Стојчевски
Александар Стојчевски

Од извештаите може да се види дека во „Групата за следење на политички противник“ не учествувал никој од поддржувачите на Реформаторите коипрепознале дека станува збор за нелегални активности. Параполицијата имала недоверба кон сите лица кои важеле за блиски до Реформаторите и ги исклучувала од секакво инволвирање во нејзината дејност. За секој за кој имало сомнеж дека е близок до Реформаторите бил исклучуван, а на негово место селектиран нов соработник.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO