Германија се присоедини на притисокот на САД и ЕУ врз Приштина, за отстранување на 100-процентните давачки наметнати на Србија и Босна и Херцеговина (БиХ), соопшти весникот „Коха“. Статијата доаѓа по разговорите на советниците на германската канцеларка Ангела Меркел со политички и институционални претставници во Косово.

Весникот пишува дека германските власти ги потврдиле ставовите на Берлин за време на вчерашната средба со Хашим Тачи и Рамуш Харадинај дека наметнатите давачки го спречуваат продолжувањето на дијалогот, повикувајќи ја владата во Приштина да ги отстрани.

Германските советници на Меркел – Јан Хекер и Матијас Литенберг се состанаа во Приштина во вторникот со Тачи, Харадинај и вицепремиерот Енвер Хоџај, а прашањето за престанок на наметнатите давачки беше главната тема на разговорите.

Изворот на „Коха“, кој побарал анонимност, изјави дека ставот на Германија за постигнување на сеопфатен договор меѓу Белград и Приштина е непроменет – Берлин велат дека се против промената на границите на Косово.

На посетата на германските власти во Приштина му претходеше посета на високиот претставник на САД Дејвид Хојл, кој исто така се заложи за укинување на царините за стоки од Србија и БиХ.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO