Британските пратеници денеска треба да го одржат „критичното“ гласање за планот за Брегзит на премиерката Тереза Мај, еден ден откако таа изјави дека обезбедила „правно обврзувачки“ уверувања од Европската унија. Гласањето во Парламентот се случува само 17 дена пред Британија официјално да се повлече од Европската унија, со или без договор со ЕУ.

Во јануари пратениците отфрлија еден од претходните предлози на Меј, која вчера по средбата со претседателот на Европската Комисија Жан-Клод Јункер рече дека обезбедила промени во нејзиниот договор за Брегзит. Правно обврзувачкиот договор предвидува заштитен механизам со кој се гарантира дека границата меѓу Република Ирска и Северна Ирска ќе остане отворена и по излезот на Британија од ЕУ.

Британија мора да ја напушти ЕУ до европските избори што ќе бидат одржани од 23 до 26 мај, или ќе избира свои пратеници за Европскиот парламент.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO