Според истражување, САД ќе ја надминат Саудиска Арабија по вкупниот извоз на нафта, нафтени продукти и природен гас.

Арапското кралство отсекогаш ја држеше првата позиција откако државната Saudi Aramco  почна да извезува нафта во 50-тите.

Експертите веруваат дека неочекуваниот пробив на САД се должи на употребата на најновите технологии за гас и нафта од шкрилци. Ова им даде силен поттик на државите Тексас, Ново Мексико и Северна Дакота.

Производството на нафта во САД е двојно зголемено во текот на изминатите 10 години, надминувајќи го она на Русија и Саудиска Арабија. По падот на ограничувањата за извоз во 2015 година, побарувачката за американска нафта драстично се зголеми, особено во Азија.

Саудиска Арабија во моментов извезува околу 7 милиони барели сурова нафта дневно и 2 милиони барели течен природен гас. За споредба, САД извезуваат околу 3 милиони барели дневно и 5 милиони барели течен гас. До крајот на годината, предноста на арапската сржава ќе се стопи, велат експертите.

Екстракција на нафта од шкрилци во западен Тексас е во епицентарот на енергетскиот бум. ExxonMobil планира да го зголеми производството до 1 милион барели дневно до 2024 година.

Претходно оваа година, Министерството за енергетика предвидува дека во 2020 година САД ќе извезуваат повеќе енергенси отколку што увезуваат. Ова не се случувало од 1953 година до денес. На тој начин САД ќе обезбедат енергетска независност, за разлика од Кина, која увезува рекордни количества на нафта.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO