Менаџерот на Манчестер Сити Хосеп Гвардиола го определи како „невозможно“ своето заминување во текот на летото во насока Јувентус по вчерашната победа на „граѓаните“ со 3: 1 над Ватфорд. Шпанецот додаде дека единствената опција да си замине од „Етихад“ по крајот на сезоната е, ако биде отпуштен. Последните денови во Италија се појави гласина дека токму поранешниот тренер на Барселона и Баерн ќе го замени Масимилиано Алгери на чело на Јуве со договор за четири години. Изворот на информацијата беше истиот, кој прв го објави трансферот на Кристијано Роналдо кај „бјанконерите“.

„Имам договор за уште две години и мислите дека ќе си заминам? Тоа е невозможно, освен ако не ме отпуштат. Но ако во Манчестер Сити ме сакаат, ќе останам уште две години, а потоа, се надевам дека уште една. Нема да одам во Јувентус – барем не во следните две години. не разбирам зошто весниците почнуваат да пишуваат работи кои некој ги кажува на социјалните мрежи. Ниту јас сум контактиран за коментар, ниту мојот агент или клуб. Сочувствувам со Макс Алегри поради оваа ситуација „, објасни Гвардиола пред медиумите.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO