Тимот на Јувентус поведе со 19 поени на врвот на Серија А, откако го победи Унидезе со 4-1 на домашен терен во првиот натпревар од 27-от круг на шампионатот.

На ʺАлијанц Стејдиамʺ домаќините започнаа без Кристијано Роналдо, Марио Манџукиќ и Пауло Дибала, а во нивно отсуство се пројави младиот Мојс Кијн. 19-годишниот напаѓач постигна два гола пред полувремето, за да даде солидна предност за „белите“, а во второто полувреме од Емре Џан од пенал и Блез Матјуиди зголемија на 4: 0. Непосредно пред крајот, Кевин Лазанја постигна почесен гол за гостите.

По овој успех, Јувентус води со 19 поени пред вториот Наполи, кој утре ќе му гостува на Сасуоло. Удинезе е на 15 место на табелата со актив од 25 поени.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO