24 часа мене, а веројатно и моето семејство, ме следи тајна разузнавачка служба блиска до наша голема опозициска партија. За 10 дена неколку пати се објавуваат фотографии од тоа каде се движам, рече во интервју за 1 ТВ Стево Пендаровски, консензуален кандидат за претседател на владејачката структура.

„Ова е само сигнал, насоката во која ќе се движи кампањата за претседател, само што ќе биде уште повалкана. Мене не ми се блиски подземни кампањи, јас ќе одговорам со аргументи и јавно. Остатоците од режимот не смеат да бидат толерирани, тоа е работа на институциите од оваа власт“, рече уште Пендаровски и додаде дека пред пет години, во време на режим, врз него немало физичко следење, а телефоните му биле прислушувани четири години.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO