Трговскиот дефицит на САД со остатокот од светотнараснал до 621 милијарди долари и покрај обидите на американскиот претседател Доналд Трамп да го намали, соопшти БиБиСи.

Трговскиот дефицит е разликата помеѓу тоа колку стоки и услуги САД увезува и од кои земји и колку извезува.

Намалувањето на дефицитот е една од основните политики на Трамп. Тој тврди дека САД се ограбени од други земји.

Сепак, во 2018 година, дефицитот е поголем од оној регистриран во 2017 година – 552,3 милијарди долари.

Трамп изразува незадоволство од тоа што некои земји како Кина оданочуваат американски стоки со повеќе данок и дава државна поддршка за индустриите, што им овозможува да ги продадат своите производи по пониски цени.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO