Со 23 гласа „за“ и 11 „против“ Европскиот парламент вчера донесе резолуција со која од 2021 година во цела Европска унија ќе се укине летното и зимското сметање на времето. Земјите-членки сега треба да се координираат и до април 2020 година да одлучат дали ќе останат на зимско или летно сметање на времето.

Според направените анкети, 84 проценти од Европејците се изјаснија да не се менува времето во летно или зимско, односно да има само едно сметање на времето како пред 1976 година, 56 отсто сакаат да остане летното сметање, додека 36 проценти на зимското сметање на времето.

Промената на времето, воведена во 1976 година, отсекогаш беше критикувана.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO