Премиерот Бојко Борисов и премиерот на Руската Федерација Дмитриј Медведев ќе отворат бугарско-руски бизнис форум во областа на туризмот на 5 март.

На форумот ќе учествуваат министерот за туризам Николина Ангелкова, министерот за економски развој на Руската Федерација Максим Орешкин, градоначалници и претставници на бугарскиот и рускиот туристички бизнис, соопштија од Министерството за туризам.

На Бугарско-рускиот бизнис форум ќе се дискутираат заеднички иницијативи за развој на туристичкиот сектор, како и мерки за поттикнување на билатералните патувања. Ќе бидат дискутирани можностите за унапредување и продлабочување на соработката и контактите на туристичкиот бизнис на двете држави со институционалната поддршка на владите на Република Бугарија и Руската Федерација.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO