Барселона го победи Реал Мадрид со 1-0 како гостин пред 79.000 гледачи во вториот натпревар помеѓу двата тима оваа недела. Каталонскиот тим победи со минимален резултат во 26-тото коло од Ла Лига со голот на Иван Ракитиќ во 26 минута.

Пред само три дена, Барселона го порази Реал со 3: 0, повторно на Бернабеу во реванш-натпревар ор турнирот на Кралскиот Куп.

Екипата на Ерненсто Валверде е лидер на табелата со 60 поени, а Реал е трет со 48. синоќешната победа на Барса беше 96-та во дуелите со вечниот ривал, кој има 95 победи. На овој начин каталонците го надминаа Реал по бројот на победи во дерби-дуелите, а тоа се случува за прв пат од 1932 година За последно Реал ја победи Барселона на 16 август 2017 година со 2: 0 во натпревар за Суперкупот на Шпанија.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO