
Драги пријатели од Република Бугарија, честит 3ти март – Ден на ослободувањето.
Потпишаниот Договор, помеѓу Руската и Отоманската Империја, на 3 март 1878 во Сан Стефано, ниту овозможил вистинска слобода за бугарскиот народ, ниту го решил македонското прашање, само и само поради руските апетити за Балканот!
Само неколку месеци потоа, следува соочување со реалноста за “балканските русофили” на Берлинскиот конгрес, претседаван од Ото Фон Бизмарк.
Согласно членот 23 од Берлинскиот договор, за прв пат во историјата, се промовира правен основ за создавање на современа македонска држава. Согласно тоа, се создава револуционерната Организација, онаа која е за нас “идентитет”!
Токму тој документ, треба да биде дел од Уставот на денешната македонска Република!
Овие два договори, два историски настани, се подеднакво значајни и за македонската и за бугарската државност. Ако веќе бараме причини за заеднички одбележувања на историјата, овие историски настани, треба да бидат дел од таа програма. 🇲🇰🇪🇺🇧🇬
