Тимот на Еспањол го надигра на домашен терен Ваљадолид со 3-1 во 26-тата рунда од шпанската Ла Лига. Дуелот започна со летачки старт за домаќините кои го отворија резултатот уште во првата минута преку Борха Иглесијас, на кој му асистираше Оскар Мелиндо.

„Виолетовите“, меѓутоа го изедначија резултатот во 17-тата година преку Рубен Алчарас, со кој резултат заврши првиот дел од натпреварот. Во второто полувреме, каталонците го притиснаа својот ривал и стигнаа до три поени. Прво, Марио Ермосо за запиша во 55 минута, а десет минути подоцна Ву Леи реши се на натпреварот со трет гол.

Еспањол е во средината на табелата со 33 поени по петтиот последователен натпревар без пораз, додека Ваљадолид е три бода од зоната за испаѓање по петтиот последователен натпревар без успех во лигата. Во следниот круг, Каталонците му гостуваат на Атлетик Билбао и „виолетовите“ го пречекуваат на домашен терен Реал Мадрид.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO