Џес Л.Бејли беше дипломат во Република Северна Македонија со кариера во Стејт департментот. Во Скопје дојде од позицијата заменик шеф на мисијата на САД во Анкара, Турција, функција која ја извршувал од 2011 година.

Во богатата биографија на Бејли се наведува дека бил директор на Канцеларијата за Југоисточна Европа во Стејт департментот, како и директор на Канцеларијата за политички прашања со ОН. Меѓу другото, Бејли ја вршел и должноста директор на Центарот за странски известувачи во Вашингтон, како и советник за јавни прашања во Амбасадата на САД во Хаг, Холандија. Тој има служено и во амбасадите на САД во Дакар, Сенегал и во Дака, Бангладеш.

Дипломирал на Јеил Универзитетот, а се стекнал со магистерска титула на Универзитетот Колумбија.

Видеото погледнете го тука.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO