Мегахитот „Despacito“ од порториканскиот пејач Луис Фонси стана најгледан видео клип во Јутјуб со повеќе од шест милијарди влегувања, соопштија од Гугл.

Видеото објавено за прв пат во јануари 2017 година од Фонси и порториканскиот рапер Деди Јанки, веќе го држи рекордот за најбрзи две милијарди, три милијарди и четири милијарди посети (за 272 дена).

Хитот на Фонси кој е на шпански јазик, чиј англиски наслов е „Slowly“, имал речиси две милијарди влегувања повеќе од најголемиот ривал – „Shape of You“ – на британскиот пејач Ед Шијрен.

Првиот кој ја премине границата од две милијарди гледања, беше јужнокореецот Пси, кој го потресе светот со својот „Gangnam Style“ во 2012 година. Песната стана и предизвик за денс манијаците.

Сега Пси е на петтото место на класацијата на Youtube со 3,3 милијарди гледања.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO