Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне се извини за невоздржаниот начин на кој го прослави првиот гол на својот тим при успехот над Јувентус со 2: 0 во првиот осминафинален дуел од Лигата на Шампионите, одигран на стадионот ,, Ванда Митрополитано „. По завршувањето на дуелот Аргентинецот изјави дека гестот по првиот погодок на Атлетико Мадрид, дело на централниот дефанзивец Хозе Хименез, бил насочен кон публиката, изразувајќи кураж на тимот.

Но, на прес-конференцијата денес, тренерот се извини за своето поведение. ,, Не барам оправдувања за своите постапки, но сакам да се извинам за тоа што го направив за време на натпреварот „, започна тој. ,, Сакам да се извинам на луѓето кои не ме разбрале во оној момент – тоа во никој случај не беше насочено кон тимот на Јувентус „, додаде Симеоне.

Мадридчаните го пречекуваат дома Виљареал по едно од нивните најдобри игри во сезоната против составот на Масимилиано Алегри во Лигата на шампионите, каде нивното место во четвртфиналната фаза е се поблиску. Екипата сепак е на седум поени од лидерот и актуелен шампион Барселона по две загуби во последните три натпревари. „Играчите се луѓе, и тие не можат да се справуваат на височина секој ден“, рече Симеоне.

,,Секогаш сакаш да се претставуваш со голем интензитет во играта, но има денови во кои се се добива, но има и такви во кои работите се комплицираат. Кога играте лошо, треба да пронајдете начин да излезете од тешката ситуација. Тоа е разликата помеѓу големите и многу добрите играчи „, тврди аргентинскиот специјалист.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO