Се поучив од моите грешките на „Олд Трафорд“. Ова го изјави бекот на Ливерпул Трент Алекзандер-Арнолд пред утрешното дерби против Манчестер Јунајтед во ,,Театарот на мечтите“. ,,Црвените ѓаволи“ го надиграа Ливерпул изминатата кампања со 2: 1, а Маркус Рашфорд ги реализираше и двата погодоци за Јунајтед во зоната на младиот дефанзивец.

,,Сеуште се сеќавам за тој натпревар и како влијаеше тој на мојата кариера – натпреварот со Манчестер Јунајтед дејствуваше како појдовна точка за мојата кариера, бидејќи ми помогна да дознаам каде сум погрешил, за да не ги повторувам грешките „, започна тој. ,,Имав потреба да ги користам овие грешки како мотивација и да бидам подобар во одигрувањата на теренот „, додаде Алекзандер-Арнолд.

Талентираниот фудбалер изјави дека разговарал за грешките со менаџерот на ,,црвените“Јирген Клоп и тој, како и тренерите од школата, му помогнале во тежок момент, со тоа што му влеале доверба за во иднината. ,,Тие едноставно беа до мене во тие тешки моменти, а тоа беше клучно за мојот напредок потоа. Најтешко ми беше да го голтнам поразот од Јунајтед тогаш, но следеше и поразот во финалето на Лигата на Шампионите, каде што очигледно беше потешко за голтање „, заврши Алекзандер-Арнолд. Манчестер Јунајтед утре во 15:05 на ,,Олд Трафорд“ го пречекува Ливерпул.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO