Официјално од полноќ при влез во Грција македонските граѓани ја минуваат македонско-грчката граница само со пасоши на кои на излез од земјава нашите гранични полицајци им ставаат печат на кој пишува дека патната исправа е во сопственост на Република Северна Македонија, а грчките полицајци за прв пат ставаат печати во пасошите. Досега тоа го правеа на бели ливчиња. Новите правила од Преспанскиот договор грчките погранични служби почнаа да ги применуваат по една недела откако на граничниот премин Богородица беше поставена таблата со новото уставно име на нашата земја. Според најавите, лични карти и патни исправи со новото уставно име на земјава,ќе почнат да се издаваат кон крајот на годинава.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO