

Неодамна македонскиот актер и за кратко директор на Драмскиот театар во Скопје, Саше Тасевски, излезе со гневна изјава на неговата Фејсбук страница:
ʺПоздрав до сите бугарашки агитатори како тој Канзуров. Дечко кога потпишуваш договор со Хитлер за пакт и взаемна помош, кога го имаш за сојузник, каков можеш да бидеш освен нацистички измеќар и окупатор. Кој му дава бе на тој да агитира во државава??? Не го викајте по телевизии. Не им давајте простор на такви. Комплексаш. Он ќе кажува што сум и што биле татко ми и дедовците. Ми зборувале дека сум Македонец и дека треба да ја сакам Југославија, така беше. Дедо ми кој беше заколнат комунист, во 1978 првпат ме однесе во новиот споменик во Крушево и на Мечкин Камен, имам фотографија. Ама никој никогаш не ми рекол, сине, внучко, види сега, ти си Бугарин. Никогаш. Затоа откачете ги тие говеда кои зборуваат поинаку. Трујачи платени.ʺ
Мислите и чувствата собрани во овие неколку реченици се споделуваат од голем број Македонци. Тие без сомнение предизвикуваат негативни реакции кај повеќето Бугари. Но, тие заслужуваат детална анализа, бидејќи тие во душтина го покажуваат проблемот во бугарско-македонските односи.
Виктор Канзуров, кон кого е насочен најдиректно гневот на Тасевски, е македонски новинар, кој не го крие својот бугарски идентитет. Не еднаш во своите изјави тој посочувал, дека целата документарна база покажува дека огромното мнозинство од предците на денешните Македонци се определувале себеси си како Бугари.
Таа теза е отфрлена од Тасевски со два аргументи – еден генерален и еден приватен.
Генералниот аргумент е дека штом Бугарија била сојузник на Хитлер, таа нема како да била друго освен окупатор и теоријата, дека населението на Македонија тогаш било бугарско, може да е само одвратна фашистичка лага. И како што во демократските земји е недозволиво да се рехабилитира нацизмот, така е недозволиво некој да шири теории, веќе дискредитирани како „фашистички“.
Историјата во сознанието на Тасевски си го кажала својот збор. Фашизмот и бугарштината во Македонија се поразени еднаш засекогаш.
Вториот аргумент на кој се повикува Тасевски, е историјата на неговото семејство. Неговиот дедо бил заколнат комунист. Од ова може да се претпостави дека бил цврсто на страната на оние кои се се бореле против бугарските „измеќари на нацистите“ и локалните „измеќари на измеќарите“. Тие се бореле за Југославија и ги учеле своите деца да ја сакаат. Саше Тасевски очигледно има мили спомени од своето детство во СФРЈ. Го воделе да ги види новите споменици на Мечкин Камен и изградиле во него еден определен мисловен свет кој сега Виктор Канзуров и други се обидуваат да го разбијат. Тоа го нарушува неговиот душевен мир.
Тасевски не сака да си поставува неудобни прашања. На пример подобро ли би било, откако Хитлер веќе ја окупирал цела Југославија, ако бугарската администрација не беше дошла и земјата беше останала само под нацистичка и балистичка (албанска) администрација? И вистина ли е, дека за малку над три години бугарските власти убиваат околу 156 лица, кои започнале вооружена борба по наредба однадвор, а комунистите, кога доаѓаат на власт, за неколку недели убиваат десетици пати повеќе луѓе, мнозинството од кои не биле вооружени и не давале никаков отпор?
Историјата на македонските Бугари може да се проследи со векови пред раѓањето на Адолф Хитлер и не може да се осуди како „фашистичка“. Појавата на македонскиот идентитет, исто така добро е документирана. До почетокот на 19 век, називите „Македонија“ и „Македонци“ не означуваат ништо за местните Бугари. Кон средината на векот има спорови дали тоа име да биде употребувано како географски поим. Браќата Миладинови и многу други го претпочитаат терминот „Долна Мозија“. По Берлинскиот конгрес името „Македонија“ е сакрализирано од жртвите дадени за нејзината слобода (многу од кои Бугари од „старите граници“). Следи тешка српска окупација и расцеп во ослободителното движење. Тоа води кон т.н. Македонска граѓанска војна меѓу оние кои држат да го зачуваат сопствениот бугарски идентитет, но немаат други сојузници освен нацистите и фашистите, и „левите“, кои манифестираат подготвеност за компромис со Југославија преку формирање на нов идентитет „Македонци“ – ниту Срби, ниту Бугари.
Една од последиците од Втората светска војна е дека победниците бараат од Бугарија да и ја предаде на Југославија интелектуална сопственост над терминот „Македонци“. Тој веќ не треба да означува „дел од бугарскиот народ“, туку „еден од југословенските народи“. По краток период на исклучително насилство, следат неколку децении на релативно слободен живот во рамките на неврзаната Југославија, додека Бугарија деградираше зад Железната завеса. Родителите на Тасевски се далеку од тоа дека се единствените, кои ги учеле своите деца да ја сакаат Југославија и не сметале дека е потребно да им кажуваат какви биле нивните предци.
Тоа е уникатен за светската историја процес.
Како што пишува Шломо Занд за безбожниците, кои го прифатиле јудаизмот:
„Самите проселити, како што видовме, се стремат да го прикријат своето нееврејско. Се обидуваат да го избришат своето нечисто минато – минато, кога тие јаделе нечисти животни и славеле небесни тела (…) Децата на нивните деца едвај да знаеле или сакале да знаат дека нивните предци биле нечисти неевреи, кои влегле во светото еврејско паство од надвор „.
Но Југославија се распадна и конфликтот меѓу македонските Бугари и оние, кои биле подготвени да станат Македонци-Југословени, не може да заврши со целосна, конечна и безусловна победа за едната страна и тотална загуба и проклетство за другата.
Кажано едноставно, Виктор Канзуров има точно толку право да опстојува на своите ставови за тоа какви биле нивните предци колку и Саше Тасевски.
И треба да го има истото право на достап до медиумите, колку и Тасевски. Во најмала рака, зошто е толку Македонец и граѓанин на Република Северна Македонија, колку и поранешниот директор на Драмскиот театар.
Ако сака да е демократија, државата не може да е повеќе на едните, отколку на другите!
Го нема повеќе инкубаторот Југославија, кој да гарантира дека, децата ќе ја учат историјата на Тасевски, а историјата на Канзуров ќе биде осудена како „фашистичка“.
Сигурно СашеТасевски чувствува остра болка од тоа што неговата сакана Југославија се покажа само еден минлива етапа од историјата на неговите предци.
Колку што го познавам Виктор Канзуров, тој е последниот човек, кој би му кажал на Саше Тасевски што е тој.
Тасевски има право на сопствено самочувство.
Не треба да го мразиме. Очигледно, дека му е се потешко во светот надвор од инкубаторот, кој не дозволуваше да се говорат забранети приказни. За да најде душевен мир, тој и илјадници како него, имаат нужда од духовна катарза. Треба да му помогнеме да го адаптира својот идентитет со историјата – таква каква што била!
––––––––––––––-
Ексклузивно за ТАТКОВИНА и ПРИОРИТЕТИ: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа
