Од Вида Боева Попова

За нашите млади луѓе во Македонија, чии предци и дедовци се унијати, а такви ги има и денес ќе дадеме слика од оригиналот, а и дел превод од писмото на папата Лав XIII, што говори за Бугари во Македонија.

Во 1859 година меѓу бугарите во Солунско, а особено во Кукуш – родниот град на Гоце Делчев, – се појави движење за црковно соединение / унија / со Рим. Унијата беше официјално прогласена во Цариград на 18 декември 1960 година под водство на Драган Цанков и архиепископ Јосиф Соколски.

Откако последниот беше киднапиран од страна на турски агенти, движењето претрпе застој, но тоа се засили повторно по ослободувањето на Бугарија. Се наметна тогаш нова организација на унијатски парохии каде беа формирани три епископски седишта, односно во Цариград, Едрене и Солун.

Бидејќи и за бугарските униати во Македонија се тврди дека биле од некаква македонска нација и се прави притисок врз сеуште постоечките во Струмичко, Богданско, Гевгелиско и други унијатски заедници да се нарекуваат македонски, или како државни (украински, руски, албански или цинцарски), само да не се бугарски, еве го официјалниот документ со кој папата Лав XIII го назначува првиот архиереј на Бугарите католици од „Провинцијата Македонија“. Папскиот збор не се оспорува!

Документот е адресиран до „Возљубени ни син Лазар Младенов, Свештеник од општеството на Лазаристите од бугарски обред“!

Превод на почетокот на документот:

ПАПСКИ ДОКУМЕНТ ЗА ИМЕНУВАЊЕ НА ПРВАТА АРХЕРИЈА НА БУГАРСКИТЕ КАТОЛИЦИ ВО ПРОВИНЦИЈА МАКЕДОНИЈА

„Возљубени сине, поздрав и апостолски благослов. Бидејќи со нашата црковна апостолска служба ние се грижиме за духовното и земно богатство на целото кгасо Господово и од љубов кон Бугарите католици, кои се наоѓаат во Отоманската империја, со согласност и на Нашите доста почитувани Браќа, натоварени со управувањето на советот кон Конгрегацијата „Пропаганда фиде“ по источните прашања, ние создадовме и формиравме Апостолски викариат во „Провинција Македонија, соодветно на граѓанските граници.

Потоа ние, заедно со исти наши доста почитувани Браќа, побаравме соодветен духовник чиј обред да е на чело на овој Апостолски викариат, а како што знаеме со голема духовна корист за верните, по наредба на тоа Апостолско Седиште, ти си се грижел со голема трудољубивост за Бугарите, затоа сметавме дека си соодветен за да ја наметнеме на тебе оваа задача.

Затоа, со ова писмо со назначен датум денес, Ние, обраќајќи се со посебна љубов кон тебе, те назначавме за титуларен епископ на Саталенската Црква во Мала Ерменија…“

Овој документ бил закачен во домот на Иван Михајлов. Во аголот на салонот, видлива е рамката со папскиот документ.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO