Премиерот Зоран Заев денеска по средбата со лидерот на Беса, Биљал Касами во Клубот на пратеници изјави дека верува оти има големи шанси многу политички субјекти да застанат зад заеднички кандидат за претседателските избори. Според него, личноста зад која евентуално би застанале политичките партии ќе се знае пред конгресот на СДСМ, закажан за 3 март, односно во текот на наредната недела. Тој посочи дека на Касами му го презентирал нивниот предлог за заеднички настап на изборите и име кое би прифатливо за сите.

„Не е невозможно може да се стигне до подршка за едно име без разлика дали е жена или маж зад кој би застанале сите граѓани, но секако одлуките ќе се носат врз имињата, врз личностите, кои согласно со анализите ќе дадат добар аргумент за завземање на став, прво концепциски, дали се застанува зад заеднички кандидат, а после тоа секако и другите алтернативи “, рече Заев

Касами посочи дека им се дадени неколку опции за можен консензуален претседателски кандидат, кои ќе ги разгледаат, па потоа ќе донесат одлука. Според Касами, на партијата важен и е пристапот, но најважен им е човекот кој ќе биде назначен на претседателската функција.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO