Постигната е согласност за заедничко чествување на цар Самуил, св. Климент и св. Наум по дводневната средба на заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Република Северна Македонија.

„По долгите дебати заедничката комисија постигна согласност да им препорача на владите на двете држави дека постојат услови за заедничко чествување на Свети Климент, Свети Наум и цар Самуил, како мост за градење на пријателски односи, во духот на Договорот за пријателство и добрососедство“, се вели во соопштението на Институтот за национална историја.

На средбата беше разгледана можноста за заедничко одбележување на некои историски личности, кои се од значење за двете земји, а дискусијата за учебниците по историја беше одложена за следната средба.

Ова е четвртата средба на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, формирана во согласност со Договорот за добрососедски односи меѓу двете држави, кој беше потпишан од премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов, во август 2017 година

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO