Еден од главните промотори на кандидатурата и кампањата на Гордана Силјановска за претседателски кандидат, Жидас Даскаловски на својот профил на твитер упати навреди со кои ги осквернави четирите свети букви ВМРО.

Во своја објава во која брани аргументи против бојкот на изборите за кој се изјаснуваат се повеќе членови и симпатизери на најголемата опозициска партија, Даскаловски ВМРО навредливо го нарече ЖМРО.

Ова не помина незабележано кај следбениците на ВМРО-ДПМНЕ кои почувствувани навредени му одговорија на советникот. Меѓудругото тие го прашуваат советникот на Силјановска ако ВМРО е ЖМРО тогаш чиј кандидаг е таа кога е избрана на партиска конвенција од партиски делегати на ВМРО-ДПМНЕ.

На навредите на Даскаловски реагираше и професорката на Правниот факултет Тања Каракамишева, а во бројни коментари и голем број граѓани. Во друга објава, Даскаловски повторно ги навреди оние кои сакаат да бојкотираат, што најголем дел се членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, нарекувајќи ги „небањати“.

На ваквите навреди повторно имаше реакции од оние кои се препознаа во таквите квалификации. Тие го потсетуваат Даскаловски дека вакво однесување е несоодветно за еден професор како што милува да се претставува. Воедно, го потсетуваат дека како и Силјановска и тој е дел мрежата на Сорос, дури и дека порано кокетирал со СДСМ. Случајно или не, Жидас Даскаловски е стипендист на Сорос, односно студирал на Соросовиот Централно Европски Универзитет во Будимпешта.

 

Случајно или не, токму Даскаловски беше еден од оние кои ја номинираа Гордана Силјановска за претседателски кандидат и се спомнува како нејзин шеф на кабинет. Заедно со Билјана Ванковска важат за едни од најголемите противници на евро-атлантските интеграции.

Ваквите провокативни и навредливи објави дополнително го иритираат членството на ВМРО-ДПМНЕ кое реагира на изборот на Гордана Силјановска како поранешен член на УО на Фондацијата Сорос во Република Северна Македонија и министер на Бранко Црвенковски.

 

Да биде иронијата поголема, токму Жидас Даскаловски беше еден од најголемите активисти на движењето Бојкотирам кој се јавуваше на нивните пресконференции. Денес истиот повикува да се гласа и се потсмева на оние кои остануваат доследни на ставот за бојкот.

 

 

 

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO