Сите без исклучок, провладини и контролирани од режимот на Александар Вучиќ, медиуми денес објавуваат навредливи и дури расистички дефиниции за македонскиот премиер Зоран Заев.

„Причината“ за бруталните напади е средбата на македонскиот премиер Зоран Заев со еден од лидерите на српската опозиција Драган Ѓилас.

„Џилас и шиптарот Заев го погодија Вучиќ“. Ова се само некои од насловите во весниците под контрола на Вучиќ.  Зборот „шиптар“ се користи во Србија како навредлива дефиниција за Албанците.

Весникот „Српски Телеграф“ од своја страна истакнува дека „Ѓилас и Заев се договориле за уривањето на Вучиќ“. Публикацијата оди понатаму, тврдејќи дека протестите против Белград се организираат во Скопје.

Во сите изданија, широко се известува дека македонскиот главен град стана „основа за напад врз Србија“. Според српскиот министер за одбрана, Александар Вулин Скопје станало разузнавачки центар против Србија, таков каков што своевремено била Будимпешта. Вучиќ е цел на сите странски службги, вели Вулин.

Најпопуларниот дневен весник „Вечерњи новости“ е исто така вклучен во нападот врз Македонија.

Потсетуваме дека Белград активно го поддржуваше поранешниот режим на Никола Груевски, а нивниот агент Горан Живаjлевиќ беше во првата група во погромот на македонскиот парламент на 27 април 2017 година

Во август истата година без причина, Александар Вучиќ ја затвори амбасадата на Србија во Скопје десет дена. Српскиот претседател иронично рече дека Груевски поминал апсолутно легално во своето бегство во Унгарија.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO