За изјавата на Силјановска дека нејзиниот татко се борел за Република Македонија, а не за Северна, на Фејсбук се огласи Љупчо Зиков со коментар:

„Мајката … Види ја ти неја …
Па што ако бил на февруарски поход!?

Твојот татко тоа правел … си го наплативте вие тоа десет пати на разни начини … од 1945 до 1989 … Па криво ви беше што станавме назависни 1991. Меѓудругото поради таа заслуга од февруарскиот поход ти си професор на универзитетот. Можеби и не требало да бидеш професор ако се проценувале способностите …

На пример, мојот дедо, таткото на мојот татко во 1946 година овие од кај твојот татко му национализираа над 10.000 овци, земја … и плус го прогласија за воен профитер! Да не му ги национализираа немаше да добие срцев удар, ке го развиваше своето стопанство … и денес јас немаше да се занимавам со тебе низ газетки и социјални мрежи, туку ќе бев акционер на Лакталис!

Не само што не сум акционер на Лакталис, туку не можам да се пофалам дека во независна Македонија фри шоп сум држел …!? Ти текнува?

Изгледа фри шоповите и други типови на бизниси во Македонија по 1991 биле резервирани само за партизаните драга моја оние од февруарските походи за Македонија … Тебе таа Македонија ти фали затоа така збориш … Но твојата Македонија не е и нашата …

Марш ….“

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO