Високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со свои објави на социјалните мрежи со кои го манифестираат својот антагонизам кон се што асоцира на Бугарија.

Последен пример е членот на Извршниот комитет, Димитар Димовски, кој важи за еден од најблиските соработници на претседателот Христијан Мицкоски.

На Димовски му пречат Бугарофилите во Република Северна Македонија. За овој термин мислевме дека припаѓа на минати времиња кога се стигматизираа и етикетираа луѓе кои имаат и најмала симпатија кон Бугарија или не сакаа слепо да ја следат наметнатата практика за омраза кон нашиот источен сосед.

Меѓутоа, Димитар Димовски припаѓа на тие минати времиња и како поранешен потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ги бараше и бркаше како што ги смета „Бугарофилите“. Заедно со други сопартијци блиски на тогашниот секретар Борис Змејковски направија пуч во партијата 1997 година непосредно пред парламентарните избори. Тогаш обвинувајќи за наводно „бугарофилство“ атакуваа на тогашното раководство предводено од Љубчо Георгиевски и Доста Димовска, како и интелектуалната елита предводена од Димитар Димитров.

Денес Димитар Димовски продолжува да етикетира за „бугарофилство“ и таа етикета во својата објава му ја дава на актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров еден од најсериозните кандидати за претседател.

Меѓутоа, дали од незнаење или тенденциозност да употреби навредлив термин, Димовски не знае дека суфиксот „фил“ значи пријател што во неговиот случај дека некој е пријател на Бугарите.

Не знаеме дали Димовски како голем Македонец слушнал за Александар Први наречен Филхилен „пријател на Хелените“. Меѓутоа јавноста не само што слушна туку виде објавено документи дека истиот Димитар Димовски бил соработник на тајната полиција ДБК под псевдоним „Глумец“. За ситни придобивки од службата, Димовски ја кодошел сопствената партија и сопствените сопартијци.

Неговите објави кажуваат дека членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не еволуирал од своите ставови и веројатно заглавен во антиката, не живее во новата ера на регионална соработка, пријателство и партнерство.

Не знаеме дали етикетата „Бугарофил“ Димовски му ја дава и на својот пријател Христијан Мицкоски кој на неодамнешната средба со европратеникот Андреј Ковачев вети дека ќе ги почитува договорите со Бугарија вклучително и делот за заедничката историја.

Со вакви лица во раководството прашање е колку е реформирана ВМРО-ДПМНЕ и колку е спремна да се приклучи кон современите процеси на меѓусебно почитување и соработка во регионот.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO