Десниот бек на Баерн Минхен Џошуа Кимих го определи Ливерпул како фаворит во дуелот помеѓу двата тима од 1/8 финалето на Лигата на шампионите.

Во моментов Баерн е на втората позиција во Бундеслигата и претрпе четири порази во текот на сезоната. Кимих признава дека сега Баерн не изгледа како вистински гигант, особено во услови кога Ливерпул е сериозно устремен кон првата титула во домашното првенство во последните 29 години.

„Ливерпул е апсолутен фаворит. Тие загубија само еден натпревар во лигата за целата сезона и дозволија само 15 гола. Ако не погледнете нас, не сме толку стабилни, како во претходните времиња. Тоа за нас е шанса да израснеме, да најде нов пат кон успехот. Близу сме до Борусија Дортмунд, во 1/4 финалето на Купот на Германија сме, сеуште сме учесници во Шампионската. Општо земено ситуацијата не е толку лоша. Потребно е да го најдеме својот стил на игра, пред да можеме да се споредуваме со најдобрите тимови во Европа „, коментира 24-годишниот фудбалер.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO