Лидерот на најголемата опозициска Демократска партија во Албанија Љуљзим Баша го обвини премиерот Еди Рама за ескалацијата на насилството за време на протестите и обидот за напад над зградата на владата, нарекувајќи ги случувањата во Тирана „добро организирано сценарио“.

„Ова е ужасно сценарио на Еди Рама, за да ја доведе ситуацијата до оваа крајна точка. Протестот започна многу мирно, а на полицајците беа подарени цвеќиња, но сценариото на Рама беше да ја предизвика оваа ситуација „, рече Баша.

Тој не прецизираше кога ќе заврши протестот и уште еднаш истакна дека премиерот Еди Рама треба да биде изведен пред лицето на правдата.

„Луѓето имаат право да протестираат и да одлучат колку долго ќе останат тука. Еди Рама сега треба да биде изведен пред лицето на правдата, бидејќи треба да објасни зошто ја оставил земјата во рацете на криминалци „, категоричен е Баша.

Ситуацијата во Тирана се нормализира, но демонстрантите се уште се пред зградата на Владата, која во моментов е чувана од страна на членовите на Националната гарда.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO