Министер Радмила Шеќеринска учествува на средбата на министрите за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО, заедно со колеги од земјите-членки на Алијансата. За прв пат во историјата, нашиот министер за одбрана седеше на масата на Алијансата, се наведува во соопштението на владејачката партија СДСМ.

„Годините во кои земјата тонеше во изолација, поделби, економско заздравување и несигурност, останаа зад нас. Република Северна Македонија конечно е дел од НАТО и е учесник во глобалните процеси на безбедност. Граѓаните се горди со историските успеси, ние сме НАТО „, се додава во соопштението.

Во меѓувреме започна ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија кон НАТО во парламентите на земјите-членки на Алијансата. Протоколот веќе е ратификуван од парламентите на Република Грција, Словенија и Република Албанија, а ратификацијата во парламентите на други држави-членки се очекува во наредните недели.

„Република Северна Македонија го доби своето место во НАТО и стана 30-та земја-членка на Алијансата, што значи безбедност и стабилност, но исто така и економски раст, повеќе инвестиции и повеќе пари за граѓаните“, посочуваат од СДСМ.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO