Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе ја добие наградата „Евалд фон Клајст“ за време на Конференцијата за безбедност во германскиот град Минхен. Домаќин на церемонијата, на која премиерите на Северна Македонија и Грција ќе добиат признание за напорите за решавање на несогласувањата меѓу Скопје и Атина и потпишувањето на Договорот од Преспа, оваа вечер ќе биде баварскиот премиер Флориан Херман.

Заев и Ципрас во рамките на Минхенската конференција за безбедност ќе учествуваат во заедничка дискусија Република Северна Македонија и Република Грција. Минхенската конференција ј основа наградата „Евалд фон Клајст“ во 2009 година, а меѓу нејзините носители во минатото се Хенри Кисинџер, Хавиер Солана, Хелмут Шмит, Валери Жискар Дестен, Јоаким Гаук и Џон Меккејн.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO