Фармерите кои ги блокираа главните патишта во Грција во изминативе три недели повторно ги започнаа протестите, според Катимерини. Блокадите се обновуваат откако преговорите со владата не успеаја, бидејќи основните барања на земјоделците за намалување на даноците и пониски трошоци за производство не беа исполнети.

Лидерот на синдикатот на Лариса, Ризос Марудас, ја опиша владата како „непријателска“. „Владата се држи непријателски со земјоделците додека им помага на сопствениците на бродови, трговците и банкарите“, рече тој. Лидерот на синдикатот беше категоричен дека во следниот месец се планираат нови блокади, по прегрупирањето на демонстрантите и разгледување на новите протестни тактики.

Фармерите веќе во последниве недели организираа 23 блокади на клучни крстосници на националните патишта во централна Грција. И покрај нивниот притисок, владата не подлегна на нивните барања.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO