Во своето прво обраќање, протежираната кандидатката на Мицкоски им се заблагодари на жените кои ја натерале да се кандидира.

Познато е дека токму Билјана Ванковска беше нејзин најголем поддржувач и лобист. Професорката на Филозовскиот факултет деновиве е под голема осуда од јавноста поради провокативниот и навредлив статус на Фејсбук. Истата се соочува и со говор на омраза.

Ванковска на Фејсбук го навреди и високиот американски претставник Метју Палмер. Бидејќи таа се очекува да ја поддржува својата блиска пријателка Силјаноска во кампањата тоа значи дека кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ нема да може да се надева на гласовите на Албанците.

Дополнително отежнувачки за Силјаноска ќе биде како ќе им ги објасни на членовите на ВМРО-ДПМНЕ ставовите дека Јохан Тарчуловски е воен злосторник.

Двете професорки се познати по своите анти НАТО,САД и ЕУ политики и ставови и се очекува во таков дух да ја водат и кампањата.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO