Тринаесет патници загинале, а над 25 се повредени откако автобус со 50-ина патници вчера излетал на патот Скопје – Тетово и се превртел во провалија кај селото Ласкарци, во близина на Карпалак.

Бројот на загинати и повредени вечерва го потврди и министерот за здравство Венко Филипче. Според него, седуммина настрадале на лице место, а другите починале на клиниките по неуспешните обиди да бидат реанимирани и спасени. Во скопската болница 8-ми Септември биле однесени 25 патници, а на скопските клиники петмина повредени. Веднаш по несреќата, сите амбулатни возила на Здравствен дом Скопје и на болниците Систина и Неуромедика биле испратени на лице место.

Неофицијално, автобусот илзетал од патот поради пукната гума.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO