Денеска и утре се прогласени за денови на жалост поради тешката сообрќајна несрќа што се случи попладнево на патот Скопје – Тетово кај Карпалак. Премиерот Зоран Заев, изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите, изјави дека бројката на починати се искачи на 14, а шестмина се бореле за живот.

Во најбрз можен рок, како што изјави, ќе бидат познати причините за несреќата, а според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, увидот на местото на несреќата ќе продолжи денеска во осум часот. Заев најави дека денеска ќе ги посети повредените во болниците, а во наредните денови ќе бидат донесени и одлуки за поддршка на семејствата на починатите. Сообраќајната несреќа се случи вчера околу 17 часот на патот Скопје – Тетово меѓу Карпалак и Лаксарци. Автобусот што се движел на релација Скопје – Гостивар е сопственост на „Дурмо турс“.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO