Генералниот штрајк поради платите и условите за работа предизвика тотален хаос на аеродромите, на патиштата и во воздушниот сообраќај во Брисел, јавуваат агенциите. Иако „Браселс ерлајнс” предупреди за генералниот штрајк минатата недела, илјадници патници што не можеле да ги променат плановите се заглавени на аеродромите низ Белгија, а дозволени се само вонредните и воените летови.

Штрајкот се совпаѓа со посетата на министрите за одбрана на НАТО за состанокот во Брисел, па дури и официјалните претставници на НАТО не беа изземени од хаосот и беа принудени да слетаат во соседните земји и да го поминат остатокот од патот со автомобил.

Штрајкот од средата ги вклучува и бриселските работници во јавниот транспорт и националната железница, што резултира со големи доцнења во автобускиот и железничкиот сообраќај.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO