Заменик-амбасадорот на САД во ОН Џонатан Коен изјави на седница на советот за безбедност дека антируските санкции ќе останат во дејство дотогаш, додека Крим не се врати во составот на Украина.

Според зборовите на Коен САД „не ја поддржуваат и никогаш не ја поддржувале“ анексијата на Крим од Москва.

Во текот на дискусијата за четирите години од Минските договори претставникот на САД ја повикал Русија кон нивна целосна имплементација.

„Токму Русија треба да стави крај на конфликтот“, рекол Коен.

Дипломатот додал, дека се чини дека во Донбас има руски војници и оружје.

Во исто време пак, шефот на специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина Ертугрул Апакан изјави дека во извештаите на мисијата има „конкретни факти“ кои не дозволуваат да се зборува за присуство на руски војници во источните региони на Украина.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO