Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека проширувањето на НАТО кон земјите од Западен Балкан ќе ја зајакне Алијансата, ќе помогне во стабилизацијата на регионот и ќе го забрза темпото на пристапување на другите балкански земји кон Северноатлантската алијанса, соопшти МИА.

Столтенберг потсети пред средбата на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата, во која за прв пат ќе има и претставник на Македонија, за воените конфликти и злосторства кои се случија во Западен Балкан во 90-тите години.

„НАТО одигра клучна улога во решавањето на овие конфликти, во запирање на војните и стабилизирање на регионот. Се уште има многу предизвици и проблеми, но е многу охрабрувачки, дека имаме членови како Хрватска, Албанија, Црна Гора и во иднина Северна Македонија „, посочи Столтенберг.

Министрите за одбрана на НАТО ќе одржат утре средба во Брисел, една од темите ќе биде мисијата на Косовските сили (КФОР) и нивната соработка со Косовските безбедносни сили.

На маргините на самитот се очекува турскиот министер за одбрана Хулуси да се состане со американскиот колега Патрик Шанахан, како и со колегите од Грција, Република Северна Македонија, Црна Гора, Италија и Грузија, соопштија од турското Министерство за одбрана, цитирано од Анадолската агенција.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO