До крајот на денешниот ден, грчката влада ќе испрати вербална нота до Македонија. Останале неколку подробности за уточнување од одредбите на нотата од Атина, пред таа да биде испратена во Скопје, кое треба да се случи што е можно поскоро, соопштува МИА.

Со испраќањето на вербална нота од Атина, со која се информира за ратификацијата на Договорот од Преспа и протоколот за НАТО, се очекува во Македонија да го започне прифаќањето на нејзиното ново име Република Северна Македонија. Потоа во државниот весник ќе биде објавена датата на влегување во сила на уставните амандмани.

Утре во Брисел, на маргините на самитот на министрите за одбрана на НАТО, министрите на Македонија и Грција – Радмила Шекиринска и Евангелос Апостолакис ќе одржат средба. Не е исклучено по време на средбата Апостолакис да предложи грчката армија да ја обучува македонската.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO