САД ниту ги организираат ниту ги финансираат протестите „1 на 5 милиони“ во Србија, соопшти Американската амбасада во Белград. Коментарот на дипломатското претставништво дојде како одговор на тврдењата на белградскиот весник „Informer“, кој напиша дека токму американската амбасада стои зад протестите.

„Не знаеме зошто, но „Informer“ одбива да ги раскаже фактите. Нашата работа е да ја разбереме Србија. Редовните состаноци со власта и опозициските политичари, како и другите низ цела Србија, се дел од нашата работа. САД не се организатор, ниту финансиер на „1 од 5 милиони“, некој лаже „, се вели во соопштението на амбасадата на Твитер.

Пред неколку дена, „Informer“ објави фотографии кои „докажуваат дека американската амбасада и нејзините специјални операции стојат зад белградските протести од декември минатата година“.

Во еден од текстовите е наведено дека „нема дилема дека политичкиот оддел на американската амбасада во Белград ги координира демонстрациите и им дава инструкции на нивните организатори“.

Освен тоа медиумот објавува и фотографии на една од кои е Јелена Ансоновиќ, еден од организаторите на протестите, која „добива инструкции од третиот секретар на американската амбасада“, а на друга Сергеј Трифуновиќ, претседател на Движењето на слободните граѓани, е на средба со Дејвид Линдгрен Геребек, Советник во Американската амбасада, и Натан Алхахар, вработен во Фондацијата ISAK.

Амбасадата објави на Твитер фотографија со прашањата на новинар од „Informer“ за овие состаноци и позицијата на амбасадата за протестите, вклучително и прашањето дали амбасадата и амбасадорот ги поддржуваат протестите, како и извадок од еден од текстовите на медиумот.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO