Република Македонија во минатата година ја посетиле 1 491 535 странски туристи кои оствариле 3 176.808 ноќевања. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, бројот на странски туристи бележи раст од 12,2 %, а бројот на ноќевањата за 15,2 %. Објавените податоци покажуваат дека во декември лани Македонија ја посетиле 36 068 странски туристи, најпосетено било Скопје, а според сместувачките капацитети престојувале најмногу во хотели со четири ѕвезди каде се сместиле 15 215 туристи, но и со пет ѕвезди 12 067 туристи.

Бројот на туристите во декември 2018 во однос на декември 2017 година бележи раст од 9,6 %, а бројот на ноќевањата 9,8 %. Бројот на домашните туристи во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, е зголемен за 9,5 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 9,7 %.

 

Најзастапени туристи во декември биле граѓаните од регионот. Од Бугарија ја посетиле 7 541 туристи, од Грција 5 351, Србија 3 134, Албанија  .654, Турција 2 358 и од Косово 1 725 туристи.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO