На свечена церемонија, денеска пред Владата на Република Македонија, беше кренато знамето на НАТО: „Денеска го креваме знамето на НАТО, што заедно со европското и со нашето, ја одредува иднината, не само нашата и на нашите поколенија. Тоа не е само симболика, туку реалност. Тоа е нова страница во нашата историја“, рече премиерот Заев на церемонијата пред Владата по повод кревањето на знамето на НАТО.

„Успеавме од споредниот балкански колосек на кој чекавме со децении и се вративме на главниот автопат кон Европа, рече Заев и додаде дека во периодот што следува ќе бидеме директни учесници во најзначајниот период од осамостојување на државата, во кој сами ќе одлучуваме за нашата иднина, но и со брзината со која ќе ја стасаме таа цел“, рече Заев.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO