Силјановска, коjа е еден од кандидатите за Претседател од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нејзин фаворит, негираше дека била член на Управниот одбор на Фондацијата Отворено Општество во Македонија. Сепак, на официјалната страна на Отворено Општество, може да се забележи дека сепак, таа била дел од Управниот одбор.

Тоа може да се види на официјалната страница на ФООМ. Кликнете овде за да пристапите.

Неодамна, таа објави слика од нејзиниот татко со текст:

Ова е Александар Силјановски. Мојот татко. Тој е инспирацијата за мојата кандидатура. Александар во НОБ отишол на 19 години. Бил борец во Македонско-косовска ударна бригада, курир на Петар Брајевиќ, учесник во Февруарски поход и делегат на Младинскиот конгрес во Фуштани, Егејска Македонија. На сликата носи 3 ордени.

Интересно е што ВМРО-ДПМНЕ промовира кандидат чиј татко бил дел од комунистичкото движење чиjа власт подоцна ги затвора членовите на организацијата ВМРО кои се залагаат за независна и демократска Македониjа. Сето тоа се спроведува согласно законот за „македонска национална чест“, каде што, секој што се декларирал како Бугарин бил под репресии од новиот комунистички режим, ориентиран кон Белград.

Силјановска исто така беше министер во Владата на Црвенковски и има афера со фришопот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO