Претседателот на Р. Бугарија Румен Радев го врачи престижното одличие „Високи достигнувања во иновациите (Excellency in Innovation) на сопственикот и извршен директор на Comac Medical д-р Милен Врабевски како финалист во рамките на конкурсот „Иновативно претпријатие на годината“ за 2016, 2017 и 2018 година. Наградата се доделува за прв пат за висок квалитет и оригиналност на иновациите на бугарските фирми, за нивното влијание на националниот и светски пазар, врз животната средина и општеството, за ефикасност на бизнис моделот.

Comac Medical jа доби авторитетната награда за развој на високо-технолошки интегриран систем за собирање, управување и анализа на клинички податоци. Иновацијата овозможува поголема точност и прецизност во соодветните анализи и истражувања во рамките на тековните клинички испитувања.

Тоа не е прва ваква награда за Comac Medical. Во 2016 година компанијата беше номинирана за „Најдобро иновативно претпријатие“, а во својот извештај за проценка на иновативниот потенцијал на компаниите во Европа, Европската комисија нареди Comac Medical меѓу т.н. „Шампиони на растот“ и му додели Печат за високи достигнувања (Seal of Excellence). Од своја страна Comac Medical стави Бугарија на мапата на програмата ‘Хоризонт 2020’ со иновативен пристап за рана дијагноза на воспалителни и дегенеративни процеси во белите дробови како астма, ХОББ, туберкулоза, рак на белите дробови и др.

„Честитки за колегите кои направија сонот ни реалност. Оваа награда дојде како последица на долготрајно меѓународно признание: 4-годишна работа по молекула чии творци jа добија Нобеловата награда, „Знак за квалитет“ и „Шампиони на растот“ од Европската комисија, „Питагор“ од МОН за најголем инвеститор во научно- истражувачка дејност, номинации за „Најдобро иновативно претпријатие“, „IT-проект на годината“. Така jа качивме Бугарија на мапата на „Хоризонт-2020″ со совршено изобретение и многу (24/7) работа по многубројни иновации, со директен позитивен ефект врз здравјето и квалитетот на животот на луѓето“, изјави сопственикот и CEO на Comac Medical д-р Милен Врабевски.

Брендот „Високи достигнувања во иновациите (Excellence in Innovation) се дава на финалистите на конкурсот „Иновативно претпријатие на годината“. Тој се организира од страна на фондацијата „Приложни истражуваниjа и комуникации“ и Enterprise Europe Network – Бугарија под покровителство на Претседателот на Република Бугарија Румен Радев.

 

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO