На состанокот на Советот на Алијанса на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) кој викендот се одржа во Берлин, а на кој присуствуваа претставници на ЛДП од Македонија, помеѓу другото беше усвоена и Резолуција со која Европските либерал-демократи ја подржуваат Македонија во напорите за полноправно членство во НАТО и отпочнување на преговорите со Европската Унија, оваа година.

Со Резолуцијата се поздравува Преспанската спогодба и решавањето на долгогодишниот спор помеѓу Македонија и Грција, како позитивен пример за градење на доброседедски односи во Регионот на Југоисточна Европа и во Европа, воопшто.

АЛДЕ, исто така, го поздравува потпишување на Протоколот за приемот на Македонија во НАТО и ги повикува сите земји членки на НАТО да го ратифицираат протоклот во што е можно покус рок, притоа потенцирајќи ја својата долгогодишна поддршка на Македонија и на Либерално демократската партија. Истовремено со усвоената Резолуција се осудува давањето на азил на поранешниот премиер Никола Груевски од страна на Унгарија.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO