Преговорите меѓу републиканците и демократите во Конгресот на САД околу прашањето за пограничната безбедност не доведоа до напредок, поради што постои опасност од нова блокада на американската администрација. Републиканскиот сенатор Ричард Шелби изjави дека преговорите се во застој, поради неосгласувања околу „политиката на притворање на илегалните мигранти“, но изрази надеж дека „преговарачите набрзо ќе се вратат на преговарачката маса“.

Главен проблем околу „пограничната безбедност“ е издвојувањето на средства од Биџетот на САД за изградба на ѕид на границата со Мексико, на што инсистира американскиот претседател Доналд Трамп, а на што се противат демократите.

Вршителот на должноста шеф на персоналот на Белата куќа, Мик Малвејни изјави дека не е исклучена можност од нова блокада на федералната Влада, доколку не биде постигнат договор околу спорните прашања.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO