Косовскиот заменик-министер за одбрана, Бурим Рамадани е убеден дека Република Косово ќе биде 31-та членка на НАТО, јави МИА од Приштина. Во интервју за „Епока е Ре“ Рамадани рече, дека за да ја оствари таа цел Владата ќе ги засили политичките и дипломатските напори.

Тој ја отфрла можноста таксата од 100 отсто што ја воведе Владата на Рамуш Харадинај на увозот од Србија и од Босна и Херцеговина, на што се спротивстави официјален Вашингтон, да влијае врз добрите односи на Безбедносните сили на Косово (ФСК) со Соединетите Држави.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO