Од понеделник, 11 февруари, пратениците на опозициската ʺСојуз за Србијаʺ нема да учествуваат на седниците на парламентот.

Пратениците од Сојузот нема да учествуваат како на републиканските, така и на регионалните општински седници, додека не се исполнат барањата на демонстрантите од „Еден од 5 милиони“ за спроведување на слободни и фер избори.

„Нашиот бојкот е според договорот кој го предложивме на граѓаните, а опозицијата ја гарантира неговата имплементација со своите потписи“, се наведува во соопштението на „Сојуз за Србија“. „Следниот чекор ќе биде создавање на Здружение на слободните избраници, кое ќе ја координира работата на локалните парламенти во услови на бојкот. Нашите претставници ќе продолжат да се борат за правата надвор од институциите на системот“, пишува уште во декларацијата.

Од Сојузот нагласуваат дека не „сакаат да бидат дел од фасадната демократија и да даваат легитимитет на еден тоталитарен режим, кој ги уништува слободното слово и мислење, а политичките противници се третираат како државни предавници“. „Сакаме да го промениме системот во Србија. Да ја вратиме културата на дијалогот, правната држава и политичката коректност и нормалност“, пишува во документот на опозицискиот Сојуз.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO