Алексис Санчез се надева да ја оствари својата мечта и да ја освои Лигата на Шампионите со Манчестер Јунајтед. ʺЦрвените ѓаволи“ ќе се соочат против Пари Сен Жермен во првиот дуел од осминафиналето на најпрестижниот европски клупски турнир на ʺОлд Трафорд“ во вторник. Избраниците на привремениот менаџер Оле Гунар Солскјар се во серија од 10 победи во последните 11 натпревари во сите натпреварувања, откако го надиграа на гости Фулам со 3:0 во последното коло.

Санчез не успеа да го освои трофејот од Лигата на Шампионите, додека беше играч на Барселона, откако им се приклучи на каталонците по нивниот триумф во 2011, а потоа го напушти клубот пред нивниот последен куп од турнирот во 2015 година ,, Освојувањето на Лигата на Шампионите е мечта на секој фудбалер „, сподели чилеанецот за „Sunday Mirror „.

„Мечтаев за неа додека бев во Барселона. Се надевам дека ќе го освојам тука. Преминавме преку групната фаза и сега доаѓа ред на ПСЖ. Тоа е огромен тест за нас, но има 180 минути фудбал – се може да се случи. Јунајтед е клуб со толку многу историја и е способен да го победи секој противник. Ако победиме на ʺОлд Трафорд“ и не дозволиме гол, мислам дека ќе бидеме фаворити во реваншот. Сметам дека може да постигнеме победа во првиот дуел и овој тим на Јунајтед може да постигне голови, кога ќе отиде во Париз „, заврши чилеанскиот офанзивен фудбалер.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO